Во Барса сепак има еден играч кој може да ја освои ЛШ оваа сезона


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Зимската аквизиција на Барселона, Филипе Кутињо е единствениот фудбалер од каталонскиот клуб кој се уште може да стане европски шампион оваа сезона.

Бразилецот настапуваше за Ливерпул во групната фаза и немаше право на настап со дресот на Барселона во елиминациите. „Црвените“ стигнаа до полуфиналето и имаат шанси да го освојат престижниот трофеј.

Кутињо не само што беше дел од тимот на Клоп во групната фаза, туку и даде придонес со 5 гола и две асистенции во Лигата на шампиони.