Миланско дерби за фудбалер на Хофенхајм


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Германските и италијанските медиуми пренесуваат дека Милан и Интер ова лето ќе водат битка за потписот на Флориан Грилитч од Хофенхајм.

Станува збор за 22-годишен играч за врска и австриски репрезентативец која оваа сезона буквално „експлодира“ во дресот на Хофенхајм.

Грилитч може да игра на сите позиции во средниот ред и го привлече вниманието на многу голови клубови, а најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Серија А.

Неговиот договор истекува во 2019 година, па ова лето ќе биде последна шанса за Хофенхајм да заработи на неговата продажба.

Во неговиот договор има откупна клаузула од 18 милиони евра, сума која се спремни да ја платат миланските гиганти.