Во Англија откриен „влезот во пеколот“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Научниците тврдат дека го откриле физичкиот премин во пеколот и откриваат дека тој се наоѓа во Англија.

Праисториската пештера Кресвел Краглс во својата внатрешност крие стотици заштитни знаци „кое ги направиле вештерките“. До неодамна стручњаците мислеле дека цртежите на ѕидовите во пештерата се најобично графити, но всушност се дела на мештаните кои верувале дека во таа пештера се наоѓа преминот за влез во подземниот свет.

Овие „цртежи – шкртаници“ според објаснувањето на научниците очигледно се обиди ѓаволите, вештерките и другите лоши станари на подземниот свет да се спречат да дојдат во светот на живите, пренесува „Индепендент“.

„Тие ознаки служеле или да задржат нешто внатре или надвор“, изјавил Пол Бејкер, директорот на музејот „Кресвел Крагс“.

Вакви ритуални симболи не се невообичаени во Британија. Поголем дел од нив се пронајдени на влезот, вклучувајќи и прагови, прозорците во црквите. Дури 57 се пронајдени во внатрешноста на пештерата во Сомесет.

„Очигледно се сметало дека се што е таму внатре е толку моќно што морале да се враќаат и да се пишуваат уште ознаки“, дополнил директорот Бејкер.

Меѓу многуте ознаки можат да се видат и две вкрстени букви „В“ . Како што објаснуваат научниците тоа значи „Невиност на девиците“, молитва на Марија за помош од злите духови.

Кога и други научници дошле до оваа пештера за да ги анализираат симболите пронајдени се уште стотина ознаки на ѕидовите, таванот, пукнатините, вклучувајќи и дијагонални линии, кутии и лавиринти за кои се верува дека се способни да го фатат демонот.

Иако не е јасно од кога потекнуваат написите сепак се смета дека тие датираат од 14 до 18 век.