Влезе во историјата: Прва насловна на Playboy на која е…


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Паскал Радермахер не ни замислуваше дека живото ќе испадне баш по негов терк. Родениот Германец овие денови ја краси насловната страна на германското издание на престижното списание за мажи Playboy.

После Инес Рау, која минатата година влезе во историјата како првиот трансродов модел на насловна од Playboy, германското издание на магазинот за прв пат на насловна страна ќе оди со фотографија од трансродов модел.

Во склад со традицијата на списанието, наслвоната страна ќе биде со згодна манекенка со разголени гради. Паскал, всушност, е Џулијана Фарфала, трансродов модел позната по учество во реалните шоу емисии.

Главниот уредник на списанието, Флоријан Боитин, вели дека таа е „прекрасен пример за борба за правото на одредување на сопствениот идентитет“.

„Овој потег е целосно во склад со традицијата на починатиот основач на Playboy, Хју Хефнер, кој цврсто се противеше на било каква форма на исклучивост и нетолеранција. Ова е негово завештание за нас“, вели Боитин.

Тој вели дека 21-годишната Фарфала е „одличен пример за тоа колку е важна борбата за право на самоопределување“.

Фарфала е веќе позната во својата земја како минатогодишна учесничка на телевизиската програма со Хајди Клум, „Следниот топ-модел на Германиј“. Таа го промени полот со хируршка интервенција на 16 години.

„Многу сум горда на ова што се случува и на оваа насловна страна“, напиша на својот Инстаграм профил.