Мајтап

ВИЦ: Последниот работен ден на Мице поштарот

Последниот работен ден на Мице поштарот по 35 години лојална служба во Македонски пошти.

Утрото појде Мице во централата, ја зеде чантата со писмата, ја повлече преку рамо и отиде на адресите што ги води уште од првата година кога се вработи в пошта.

Кога стигна на првата адреса каде што тој ја носеше поштата многу години, го начека целото семејство на врата, тие му честитаа за пензијата и му дадоа мал подарок за сеќавање.

Среќен што го памтат по добро, Мице продолжи во втората куќа, каде што сопственикот, исто така, многу задоволен и благодарен на Мице во текот на годините, му даде кутија со кубански цигари – да ги пуши за време на неговата пензија.

Уште посреќен Мице стигна до третата куќа и заѕвони на ѕвончето. Вратата се отвори, а на прагот се појави една прекрасна плавуша облечена провокативно – со длабоко деколте, супер кратка сукња – вистинска секс бомба. Дури и пред да каже нешто нашиот Мице, таа го фати за рака, го однесе горе во спалната, каде имаа див секс, каков што Мице не сонувал.

Потоа плавушата го однесе во трпезаријата на првиот кат, му направи појадок – јајца, сланина – се по ред. На крајот му свари и кафе и го послужи во порцелански филџан. Кога отпи Мице од кафето, виде дека на тацната под филџанот има 200 денари, па се реши да праша:
– Сето беше неверојатно прекрасно, но зошто се овие 200 денари?
А плавушата му одговори со насмевка:
– Па утрово му кажав на мојот сопруг дека ова е твојот последен ден на работа и дека мора да направиме нешто специјално за тебе, па тој ми рече „а бе ајде е*и го – дај му 200 денари!”, а појадокот беше моја идеја.

Advertisements
To Top