Мајтап

Виц: Оди нервозен човек на психијатар

Еден загрижен и нервозен човек влегува кај психијатар и му вели:

– Докторе, ситуацијата е неподнослива. Ќе ме отпуштат од работа. Не спијам ич – само што ќе ги затворам очите, ми доаѓа Ким Кардашијан и ми вели мора да ме еб*ш. „Нема не можам“. Добро, се сложувам, нема проблем, но откако ќе завршам и ќе си замине, ете ја Памела Андерсон.

„Со Ким Кардашијан можеш, а со мене не, а?“ Добро, нема проблем, ајде и со неа и еве ја после неа доаѓа Северина. „Да не слушнам не“, ми вели и се соблекува!

– Аха. Добро, вели докторот. Кај колку часот иди Северина?

– Кај 2 и пол.

– Така, јасно, ова е многу познат случај, вели докторот. Токму за ова напишав учебник. Значи, следниот пат кога ќе дојде Северина ќе и речете: „Еве го телефонот на д-р Стојковски. Јави му се и тој ќе ја заврши работата“.

– Ме спасивте! Фала докторе, вели пациентот и си оди.

Влегува друг и веднаш започнува:

– Ужас докторе! Не можам да спијам. Само што ќе ги затворам очите и се наоѓам на железничката станица во Битола. Полицаец и војник со страшно куче до мене. Го вперуваат оружјето и ми велат:

„Ги гледаш овие десет вагони, веднаш почни да ги туркаш до Скопје!“ Јас ги туркам, ги туркам и само стигнувам до Велес и ми ѕвони будилникот.

– Добро, смири се! – му вели докторот. Сè е под контрола. Каде е најтешкото да се турка?

– Па, негде кај тунелот пред Богомила.

– Одлично! Тогаш ќе им кажете на униформираните лица: „Сега ќе дојде д-р Стојковски и тој ќе турка пет вагони, а јас другите пет.

– Докторе, вие сте генијалец! Ме спасивте!

– Нема проблем, тоа ми е работа, вели лекарот скромно. Туку кај колку часот стигнувате кај Богомила?

– Па, кај два и пол …

– Тух, баш тогаш не можам. Ја чекам Северина тогаш …

Advertisements
To Top