Виртуелната реалност во служба на армиските воени вежби


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Технолошката прогресија на светски рамки, меѓу другото, огромно влијание име и во воената индустрија и самиот начин на војување, за жал. А тоа подразбира влијание и во воените вежби на светските воени сили.

Американската војска сега може да ги тренира војниците да се борат во специфични опкружувања со едно притискање на копче, благодарејќи на виртуелната реалност.

Наречени STE – Synthetic Training Environments/синтетички услови за обука, тие се генерирани од сателитски слики, улични снимки и останати информации кои ни се на располагање (дури и на нас „цивилите“, како што се сликите на Google Maps, Street View и сл.), кои вештачката интелигенција ги користи за создавање на дигитални светови со чија помош се анализираат перформансите на војниците со цел нивниот тренинг да биде што поефективен.

Армијата ја користи виртуелната реалност за тренирање уште од 2012, но користењето на STE значи дека може да се креираат опкружувања кои се скоро идентични на оние вистинските кои се симулираат и тоа за многу побрзо време отколку порано. Така, доколку војниците треба да бидат распоредени на одредена локација, тие веќе ќе можат да знаат како и каде да се движат низ околината како веќе да биле таму – што значително може да помогне за добивањето на битките.

Целта е да се прават симулации на борби кои ќе бидат што поблиску до реалните – со тренирање на идентичен терен во услови идентични на оние со кои војниците би се сретнале во „вистинскиот свет“.

Армијата веќе има направено виртуелни верзии на Северна и Јужна Кореа, Сан Франциско, Њујорк и Лас Вегас.