Home Шоубизнис Винсен Касел ја покажа нова девојка: Дали е поубава од Моника Белучи?

Винсен Касел ја покажа нова девојка: Дали е поубава од Моника Белучи?

Славниот француски актер Винсен Касел кој долго време беше во брак со прекрасната Моника Белучи, се појави на забава по ревијата на модниот бренд Victoria’s Secret, а со него беше новата девојка, италијанската манекенка Тина Кунаки.

Младата убавица има 27 години, или во превод е дури 23 години помлада од Касел.

Нивната врска започна пред неколку месеци, но ова е нивно прво појавување во јавност, со што потврдија дека се заедно.

02-12cassel2
Касел пред четири месеци стави крај на бракот со актерката Моника Белучи. Тие беа во брак 18 години и имаат две ќерки Дева (11) и Леона (6).

„Долго бевме во брак, а имајќи ги предвид нашите деловни обврски и начин на живот, тоа е успех. Одсекогаш се сакавме и нашиот однос останува полн со почитување. Овој развод не е војна“, рекла Моника во едно интервју и додаде дека не се плаши од самотија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Баг Хол од „Малите палавковци“ побара финансиска помош пред раѓањето на шестото дете

Брендон „Баг“ Хол и неговата сопруга го очекуваат шестото дете, а поранешната детска ѕвезд…