Виљареал приреди сензација во Минхен – Баерн елиминиран од Лигата на шампионите


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Виљареал синоќа режираше големо изненадување и го елиминираше Баерн Минхен во четвртфиналето од Лигата на шампиони.

„Жолтата подморница“ одигра 1:1 на „Алијнац Арената“ што беше доволно за пласман во полуфиналето после победата на домашен терен.

Баерн бркаше негатива, но не создаде големи шанси во првиот дел. Сепак, Левандовски во 52-та минута погоди за водство од 1:0.

Баварците до крајот создадоа неколку шанси и бркаа втор гол за пласман во полуфиналето, но следуваше шок во 88-та минута. Морено додаде до Чукуезе, кој го матираше Ноер за 1:1 и пласман во полуфиналето.