Home Спорт Челзи беше на прагот да направи чудо среде Мадрид – Бензема им ги сруши сништата

Челзи беше на прагот да направи чудо среде Мадрид – Бензема им ги сруши сништата

Реал Мадрид и Челзи одиграа фантастичен натпревар, а „кралевите“ после продолженија успеаа да се пласираат во полуфиналето од Лигата на шампиони.

Челзи од самиот старт тргна фуриозно и дојде во водство во 14-та минута со голот на Маунт. Гостите играа со висок интензитет, создаваа многу шанси, а во 50та минута Рудгер после еден корнер погоди за 0:2.

Интересен момент за кој сигурно долго ќе се зборува се случи во 65-та минута, кога Маркос Алонсо постигна гол за 0:3.

Сепак, голот беше поништен од ВАР поради наводно играње со рака на Маркос Алонсо.

Вернер во 75-та минута одлично ја измеша одбраната на Реал и зголеми на 0:3, резултат кој во тој момент го носеше Челзи во полуфиналето.

На десетина минти до крајот следуваше магична асистенција на Модриќ до Родриго, кој ги постави конечните 1:3 и го однесе мечот во продолженија.

На крај човек на одлука беше повторно Карим Бензема, кој во првото продолжение постигна гол на асистенција на Винисиус.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…