Home Актуелно Сончева и топла априлска среда

Сончева и топла априлска среда

Денешниот 13-ти априлски ден во Македонија наутро носи биде свежо време, а преку денот сончево и малку потопло со слаб претежно северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 21 Целзиусов степен.

Во Скопје, сончево и малку потопло со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 19 степени. Маврово 12, Охрид 15, Битола 16, Крива Паланка 13, Берово 13, Кавадарци 20, Дојран 21.

До петок ќе преовладува претежно сончево време и наутро постудено, а преку денот со се повисоки температури. Во сабота облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб локален дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во недела и понеделник кога ќе дува засилен северен ветер и ќе има позначително спуштање на температурите.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…