Home Спорт Викендов „Златен Гонг“ ќе се одржи по 47-ми пат

Викендов „Златен Гонг“ ќе се одржи по 47-ми пат

Една од најтрофејните спортски манифестации во Македонија, Златен Гонг, оваа година ќе се одржи по 47-ми пат.

Вип Арената при СЦБТ, мала сала од 9-11 ноември 2017 (петок и сабота ), ќе гисобере боксерите од Македонија и уште 6 други држави,согласно доставената програма.

Натпреварите ќе започнат со полуфиналните борби во петок со почеток од 16:00 до 19:00 часот додека свеченото отварањето на настанот ќе се одржи во петок од 17:30 часот.

Во сабота е предвидено да се одржат финалните борби со почеток од 11:00 часот, а доделувањето на наградите и признанијата е предвидено со почеток од 14:00 часот. За учество на гонгот се пријавени околу 40 боксери.

На прес конференцијата во Агенција за млади и спорт, директорот Дарко Каевски потенцираше дека оваа манифестација станува македонски спортски бренд на Балканот и Европа и од таа причина Агенцијата за млади и спорт се јавува како генерален покровител. Поддршката која Агенцијата за млади и спорт е во насока на дополнителна афирмација на боксот во Македонија, како е ден од нашите најуспешни спортови.

„Се надевам на фер плеј борба и судење и упатувам покана до сите вљубеници на боксот да уживаат во перформансите на сите учесници“, изјави Каевски.

Свое излагање околу спортската манифестација и околу очекувањата имаше и селекторот на македонската боксерска репрезентација Петре Чурлиновски.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…