Home Спорт Крај на сагата околу Де Геа – Реал пронајде нов голман

Крај на сагата околу Де Геа – Реал пронајде нов голман

Манчестер Јунајтед постави услов кој Реал Мадрид не сака да го исполни. Муроњо за да го пушти Де Геа го сака Герет Бејл или Варан, што е невозможна мисија.

Поради тоа Флорентино Перез е принуден да се откаже од Де Геа, па нов голман на „кралевите“ најверојатно ќе биде Кепа Аризабалага од Билбао.

Него му истекува договорот на лето, а Реал сака да ја заврши работата уште во јануари и да го донсе чуварот на мрежата на „Сантиаго Бернабеу“. „Кралевите“ се наводно спремни да платат 20 милиони евра и да го оставар Кепа на позајмица во Билбао до јуни.

23-годишниот голман е на мета уште на Арсенал и Јувентус, но се чини дека Реал е одлучен во намерата да го направи Кепа прв голман и заменик на Кејлор Навас.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…