Викендов започнува летното сметање на времето: Еве како тоа влијае врз луѓето


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Преминот од зимско на летното сметање на времето не влијае многу врз луѓето и нивниот организам, за разлика од, на пример, патување на растојание од пет часовни зони, вели професорот од Софискиот универзитет, Христо Пимпирев за БТА.

Часовниците в недела на 26 март ќе се поместат за еден час нанапред од 2 на 3 часот, со што почнува летното сметање на времето.

Според професорот, таа пракса во Европа е востановена во 1916 година со основна цел заштеда на електрична енергија, но и поголемо искористување на дневната светлина. Подоцна, тој принцип се пренел и во САД, Канада и во повеќе земји во Азија.

Сепак, Пимпирев изразува сомнеж дали денес, во време на разни технологии, навистина на се штеди електрична енергија со поместување на стрелките на часовникот.

Поради тоа, некои научници ја сметаат оваа пракса за веќе непотребна. Но, за тоа решаваат светските сили, Европската Унија, вели тој.