Home Спорт Интер купува две ѕвезди и става крај на доминацијата на Јувентус!?

Интер купува две ѕвезди и става крај на доминацијата на Јувентус!?

Италијанските медиуми пренесуваат дека милански Интер се спрема за „бурен“ преоден рок во кој сака да донесе неколку големи ѕвезди и да изгради тим за Скудето.

Јувентус веќе шест години со ред доминира во италијанската Серија А, а Интер со новите кинески сопственици сака да стави крај на доминацијата на „бјанконерите“.

„Нероаѕурите“ во вториот дел од сезоната имаат одлични резултати кои потврдуваат дека имаат солиден тим, односно база за да се изгради тим кој ќе се бори за титулата.

„Сунинг“ сака да вложи огромни средства во следниот преоден рок, а на мета се два големи ѕвезди со кои ќе се направи нов баланс во италијанскиот фудбал.

Имено, прва мета на „нероаѕурите“ е Алексис Санчез, кој ова лето сигурно ќе го напушти Арсенал. Претставници на Интер веќе оствариле контакт со неговиот агент и сакаат да ја победат конкуренцијата и да го донесат Чилеанецот на „Џузепе Меаца“.

Притоа, Интер го сака и Раџа Наинголан, кој важи за еден од најдобрите играчи за врска во Серија А. „Нероаѕурите“ се во преговори со Рома за трансфер на дефанзивецот Манолас, па сакаат двајцата фудбалери да ги донесат во „пакет“.

Доколку „нероаѕурите“ успеат да ги реализираат овие два трансфери тогаш сигурно следната година ќе бидат главни фаворити за Скудетото.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…