Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Да се биде богат и не е така лесно, потребна е напорна работа и многу труд како и трпение бидејќи богатството не доаѓа преку ноќ туку се стекнува со текот на времето.
Токму тоа го потврдуваат и милијардерите во продолжение кои скоро сите започнале да создаваат во сопствените гаражи. Факултети.мк пренесува како овие најголеми финансиски играчи во светот ги заработиле своите милијарди.
Бил Гејтс: 85 милијарди долари
Според Forbes Бил Гејтс и понатаму е најбогатиот човек во светот. Овој магнат и филантроп низ годините има донирано повеќе од 28 милијарди долари во добротворни цели, денес е еден од најценетите претприемачи на сите времиња. Неговата моментална вредност изнесува над 85 милијарди долари, а ако неговото богатство е директен производ на технолошките трендови кои се случиле во последните неколку децении, тогаш Гејтс е навистинскиот пат еден ден да стане и првиот трилијардер во светот.
Амансио Ортега: 67 милијарда долари
Овој 80 годишен милијардер често е дел од разни листи на најбогатите луѓе ширум светот, а сето тоа го заработил како долгогодишен претседател на модната група Inditex која е позната по продавницата за висока мода, Zara. Ортега моментално е вториот најбогат човек во светот, и првиот најбогат човек во Европа. Неговиот прв бутик го отворил во 1975 година, а до денес има отворено вкупно 2.100 бутици ширум светот.
Ворен Бафет: 60.8 милијарди долари
Овој бизнис магнат е познат по тоа што важи за ееден од најуспешните инвеститори на сите времиња. Низ годините успеал да заработи преку 60 милијарди долари. Претседател е на Управниот одбор, директор и најголем акционер на Berkshire Hathaway, кој е најголемиот мултинационален конгломерат кој обединува разни компании и корпорации во Америка и пошироко. Магазинот Time го прогласи за највлијателен човек на сите времиња.
Карлос Слим Хелу: 50 милијарди долари
Од 2010 до 2013 година Хелу беше најбогатиот човек во светот, а неговото богатство расте од ден во ден и и понатаму е на првото место на најбогати луѓе во Мексико. Сето тоа му овозможило акции во многу мексикански компании. Тој исто така поседува 40 проценти од акциите на мексиканската берза, со што неговото богатство достигнува и 6% од вкупниот бруто домашен производ на Мексико.
Џеф Безос: 45.2 милијарди долари
Иако за Amazon во последно време не слушаме баш најдобри коментари, неговиот сопственик и сегашен директор Џеф Безос е еден од најбогатите во светот. Тој Amazon го создал во неговата гаража во 1994 година, и тоа кратко време откако забележал дека е зголемен интересот за интернетот. Истиот тој момент ја напуштил неговата прилично добро платена работа на менаџер на фонд за осигурување. Тогаш го основал Blue Origin, стартап компанија специјализирана за патувања во вселената, го откупил The Washington Post и е еден од првите инвеститори во Google.