Седуммина осомничени уапсени за терористичкиот напад во Лондон


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Вкупно седум осомничени лица се уапсени во рации на шест различни локации во врска со вчерашниот напад во близина на Парламентот на Обединетото Кралство, соопшти висок британски контратерористички офицер.

Рациите биле спроведени во текот на ноќта во Бирмингем и на неколку други локации низ целата земја.

Полицијата во моментов ги завршува последните пребарувања околу Парламент сквер.

Пребаравме шест адреси и извршивме седум апсења. Во тек се истраги во Бирмингем и во други делови на земјата, изјави денеска за новинарите помошник комесарот за антитерористички операции Марк Раули пред седиштето на полицијата во Лондон.

Британската полиција потврди дека пет луѓе загинале во вчерашниот напад во центарот на Лондон, а 40 лица се повредени.

Мислиме дека знаеме кој е напаѓачот, рече Марк Раули вчера, но додаде дека во моментов не се спремни да го откријат името на напаѓачот, иако полицијата признава дека нивната претпоставка е исламски тероризам, пренесе Гардијан.

Се смета дека напаѓачот бил инспириран од меѓународниот тероризам поврзан со исламистите, рече Роули и додаде дека смета дека британските муслимански заедници сега ќе се чувствуваат ранливо, поради досегашните постапки на десничарските екстремисти.