Видео: Вестбрук е трипл-дабл машина, победи на ГС и Кливленд!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Трипл-дабл машината Расел Вестбрук го забележа својот 34-ти ваков учинок сезонава во НБА лигата, додека младиот српски центар Никола Јокиќ петти пат во сезоната и воопшто во кариерата одигра натпревар во кој имаше двоцифрен учинок во три статитички категории.

Вестбрук ја предводеше Оклахома до победата во Торонто 123:102, со 34-от трипл-данл во сезоната. Рас мечот го заврши со 24 поени, 16 асистенции и 10 скокови.

Голден Стејт, лидерот во шампионатот, рутински славеше во дуелот со Орландо 122:92. Клеј Томпсон постигна 29 поени, четири повеќе од Стеф Кари.

Победа забележаа и кошаркарите на актуелниот шампион Кливленд 91:83 против Јута. Кевин Лав се врати во тимот на Кливленд по пауза од два месеци, тој мечот го заврши со 10 поени.

Најефикасен кај шампионот беше Леброн Џејмс со 33 поени, 10 скокови и 6 асистенции, Кајри Ирвинг постигна 21 поен, но тој поради проблеми со коленото не играше во последната четвртина. Кај Јута се истакна францускиот центар Руди Гобер со 20 поени и 18 скокови.

Резултати:
Њујорк-Бруклин 110:121
Кливленд-Јута 91:83
Торонто-Оклахома 102:123
Атланта-Мемфис 91:103
Денвер-ЛА Клиперс 129:114
Голден Стејт-Орландо 122:92.