Home Спорт Видео: Реаловото чудо од дете го воодушеви светот!

Видео: Реаловото чудо од дете го воодушеви светот!

Дали сте слушнале за Лука Дончиќ? Доколку не сте, наскоро добро ќе го запаметите ова име. Станува збор за 17-годишен Словенец кој синоќа блесна во дресот на Реал во Евролигата.

Дончиќ ги воодушеви фановите со својата изведба на натпреварот против Жалгирис. Во последните 90 секунди при резултат 86:86 постигна две тројки и го одлучи победникот.

Реал на крајот славеше со 96:91, а Словенецот натпреварот го заврши со 17 коша, 4 скока, 4 асистенции и го понесе епитетот играч на натпреварот.

Дончиќ важи за еден од најталентираните кошаркари во Европа, а минатата година стана најмладиот кошаркар кој дебитирал за Реал Мадрид со само 16 години, два месеви и два дена.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…