Падна рекордот на Маленко стар две децении!

Државниот рекорд на Александар Маленко на 50 метри слободно, кој опстојуваше две децении, два пати беше соборен во ист ден. Најпрвин Љупчо Ангеловски го собори рекордот, а потоа овој резултат го собори Марко Блажевски.

На Светското првенство во пливање во 25-метарски базени државен Ангеловски (19) во квалификациите на трката на 50 метри слободно постави време 23:43 секунди и за 11 стотоинки го собори рекородот на Маленко (23:54 секунди).

Оставрувањето на Ангеловски неколку минути подоцна го собори Блажевски (26), кој во својата квалификациска група исплива резултат 23:07 секунди.