Видео: Работнички се спаси, Шкендија убедлива, Силекс го освои Прилеп


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Шкендија беа убедливи против Скопје (4:0), Работнички успеа да освои бод во Струмица во последните секунди од мечот со Академија Пандев, а Силекс ги освои бодовите во Прилеп.

Херој на Шкендија беше капитенот Ферхан Хасани. Серијата на погодоци ја отвори во 11-та минута, ја продолжи во 38-та и ја затвори во 60-та минута, прецизен беше и Егзон Бејтулаи. Ова е 13-ти триумф за тимот од Тетово кој е лидер на табелата со 40 бода.

Академија Пандев водеше против Работнички од 51-та минута со голот на Балдовалиев се до последните секунди кога гостите од Скопје стигнаа до израмнување со голот на Сержињо.

Победа го пречека тимот на Силекс, кој со по еден гол во двете полувремиња го однесе целиот плен од Прилеп. Стрелци за Силекс беа Томов во 20, и Ѓорѓевиќ во 65-та минута.

Сигурен настап пред своите гледачи и на екипата на Шкупи која ја порази Ренова со 4:1. Чаирчани славеа со головите на Стојковски, Јашаровски и Адем, а единствениот гол за Ренова го постигна Јусуфи.