Во Париз казнети 1.142 клиенти на проститутки


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во Париз се казнети 1.142 клиенти на проститутки откако стапи во сила законот за забрана за купување сексуални услуги во април 2016 година.

Овој француски закон има цел да ги казнува корисниците на услугите, а не проститутките, и предвидува парична казна од 1.500 евра, која може да се зголеми на 3.750 евра во случај на повторување на делото.

Париските власти објавија дека седум проститутки го започнале процесот на излегување од оваа професија со помош на француските власти и организациите што се борат против сексуална експлоатација. Помошта за излегување од канџите на проституцијата е мерка воведена со новиот закон.

Проституцијата како таква е легална во Франција, додека јавните куќи, посредувањето при проституција и малолетничка проституција се незаконски.

Усвојувањето на овој францускиот закон беше инспирирано од примерот на Шведска, каде што беше донесен сличен закон во 1999 година.