Home Спорт Видео: Мекалум во последна секунда го сруши Далас!

Видео: Мекалум во последна секунда го сруши Далас!

Три натпревари се одиграа изминатата ноќ во НБА лигата, а најинтересно беше на дуелот помеѓу Портланд и Далас.

Гостите од Портланд го добија трилерот со поените на Си-Џеј Мекалум на 0,3 секунди до крајот на мечот. Далас успеа да направи пресврт, дури и да стигне до предност со тројката на Дирк Новицки 113:112, постигната на 3,9 секунди до истекот на регуларното време, но потоа Мекалум погоди флоутер за победа на Портланд.

Бековите Мекалум и Лилард го предводеа Портланд до победата. Мекалум постигна 32, а Лилард 29 поени, додека центрите Мејсон Пламли и Ал-Фарук Амини имаа двојни ефекти, првиот од 12 поени и 15 скокови, а вториот 12 поени и 11 скокови.

Хјустон рутински славеше над Орландо 128:104. Четворица играчи на Хјустон постигнаа двоцифрен број на поени: Харден (25 поени, 13 асистенции, 6 скокови), Ариза (20 поени), Гордон (18 поени), Капела (17 поени, 9 скока).

Шарлот со малку потешкотии славеше во дуелот со најлошиот тим во лигата, Бруклин. Седуммина играчи на Шарлот постигнаа двоцифрен број на поени, а најефикасни во победата 111:107 беа Белинеи, Батум и Вокер со по 17 кошеви.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…