Видео: Дибиров во тимот на колото, Марсениќ со Топ 5 голови


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вардар синоќа го победи Пик Сегед во ЛШ, а најзаслужен за победата беше Тимур Дибиров кој постигна 11 гола.

Очекувано Дибиров се најде во тимот на колото во Лигата на шампиони, во кој покрај него како лев бек, се уште и : Момир Илиќ (Веспрем), Раул Ентрериос (Барселона), Албин Лагергрен (Кристијанштад), Никлас Екберг (Кил), Игор Аниќ (Целје), Родриго Коралес (ПСЖ).

Пивотот на Вардар, Марсениќ успеа да го постигне еден од најубавите голови во ова коло во Лигата на шампионите, а неговата мајсторија може да ја видете ОВДЕ.