Зоран Заев: Спорот со јужниот сосед ќе биде решен до Јули!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот премиер, Зоран Заев, во интервју за австриското радио ОРФ, истакна дека до Јули оваа година ќе завршат преговорите и ќе се реши спорот кој е пречка за влез на Македонија во ЕУ и НАТО.

„Верувам дека ќе најдеме решение и успешно ќе ги завршиме преговорите до самитот во НАТО, кој ќе се одржи во јули“, рече Заев, кој вети дека до мај Македонија ќе има поблиска соработка со Грција.

Според Заев, членките на НАТО ќе го ратификуваат членството, веднаш штом Македонија и Грција објават дека проблемот е решен. Самитот е закажан за 11 и 12 јули во Брисел.