Видео: Тимот на Леброн подобар, „Кралот“ е МВП на Ол-старот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


67-от Ол-стар меч, кој се играпе во Лос Анџелес заврши со победа на тимот кој го состави Леброн Џејмс од 148:145 над НБА ѕвездите кои ги собра Стеф Кари.

Тимот на Џејмс победи благодарение на играта на Леброн кој успеа да биде најсмирен и да ги постигне последните 5 поени од 7 поени на тимот.

Достигнувањето на Џејмс беше 29 поени, 10 скокови и 8 асистенции што беше доволно за да биде прогласен за МВП на натпреварот.

„Прекрасна ноќ за нас и за сите љубители на кошарката. Среќен сум на ова признание, но истото е само момент од еден одигран натпревар, во кој сите актери бевме фокусирани да пружиме атрактивна кошарка за гледачите. Ви благодарам“, изјави Леброн.