Видео: Богдановиќ го нокаутира шампионот, градското дерби за Клиперси


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Актуелниот шампион Голден Стејт Вориорс без Кевин Дурент и Стеф Кари изгуби на домашен терен од Сакраменто Кингс, дербито на Лос Анџелес му припадна на Клиперси.

Кошаркарите на Сакраменто Кингс го направија изненадувањето во синоќешните НБА натпреваари, откако славеа гостинска победа против Голден Стејт со 106-110. Човек на одлука беше Србинот Богдан Богдановиќ, кој на 12 секунди пред крајот погоди преку Дејмонд Грин и донесе победа.

Богдановиќ го заврши натпреварот со 12 поени за 21 минута на паркетот, додека најефикасен кај Сакраменто беше Вили Коли Стајн со 19 поени.

Кошаркарите на ЛА Клиперс славеа победа во градското дерби против ЛА Лејкерс со 120-115. За Клиперси победата беше трета по ред, а најзаслужен за неа беше Вилијамс кој запиша 42 поени. Кај „„езерџиите“ Калдвел-Поп беше нејефикасен со 29 поени.

Кливленд ја продолжи победничката серија на гости кај Филаделфија. Најрасположен за игра кај гостите од Кливленд беше Леброн Џејмс со уфрлени 30 поени, 13 скокови и 6 асистенции, а беше следен од Двејн Вејд кој постигна 15 поени и Џеф Грин со 14 поени.

На останатите натпревари:
Индијана – Орландо 121-109
Бостон – Детроит 108-118
Њујорк – Портланд 91-103
Хјустон – Бруклин 117-103
Сан Антонио – Далас 115-108