Видео: Арета Френклин лежи во златен ковчег – фановите се простуваат од неа!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Илјадници обожаватели од вторникот и оддаваат почест на кралицата на соулот Арета Френклин.

Отворениот златен ковчег со телото на легендарната пејачка е поставен меѓу букетите розови и виолетови рози, а обожавателите ќе можат да и оддадат почит и во наредните два дена.

Според организаторите, цветовите се одраз на нејзината љубов кон обожавателите, но и склоноста кон висока мода. На нозете дивата имаше црвени чевли со високи потпетици, а на усните виолетово-црвен кармин. Нејзиниот црвен фустан го симболизира нејзиното членство во сестринството Делта Сигма Тета, кое се бореше за правата на афроамериканските жени.

Бројни фанови пред да го донесат ковчегот спиеле на улиците за да ја испратат својата омилена пејачка. Некои патувале стотици километри за да и оддадат почит.

В четврток, ковчегот ќе биде однесен во црквата каде што служеше нејзиниот покоен татко, а погребот ќе се одржи на 31 август и на него ќе присуствуваат членовите на семејството и пријателите на Арета.