Венгер во „мат“ позиција, Санчез ја соопштил одлуката!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англиските медиуми пренесуваат дека Чилеанецот, Алексис Санчез, веќе донел одлука.

Санчез го форсира својот трансфер во ПСЖ, а Венгер тешко дека нешто може да направи за да го спречи.

Чилеанецот нема намера да го продолжи договорот кој му истекува наредното лето, а на управата на Арсенал и соопштил дека веќе ги договорил личните услови со ПСЖ.

Наводно, одличниот напаѓач ги договорил сите услови за договор на четири години. Од друга страна за Венгер може и е подобро да го пушти сега во Франција бидејќи идното лето како слободен играч би можел да премине во редовите на Манчестер Сити, што би било уште полошо.

ПСЖ ќе плати најмалку 40 милиони евра, а се очекува Венгер да одлговлекува за да покаже дека се борел за својот најдобар играч, но и да извлече што е можно поголема оштета.