Веќе се знае: „Златната топка“ оди кај…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Весникот „Мундо Депортиво“ објави дека Кристиано Роналдо ќе ја освои „Златната топка“ за 2016 година и дека играчот веќе бил информиран за тоа.

Весникот тврди дека за четврток е закажана средба во шпанската престолнина меѓу претставниците на „Франс Фудбал“ и напаѓачот на Реал Мадрид, на која ќе биде снимено интервју со Роналдо и ќе бидат направени слики.

Како што е познато, од оваа година „Златната топка“ повторно се дoделува само од „Франс Фудбал“ а во гласањето учествуваат новинари.

Доделувањето на наградата ќе биде следниот понеделник, а второто место наводно го освои Меси, додека третото место сеуште не се знае точно, а во игра се неколку фудбалери, пред се Гризман и Суарез.