Славни

Тетоважите од Бекам го расплакаа светот: На секои 5 минути умира по едно дете

Амбасадорот на добра волја од УНИЦЕФ, Дејвид Бекам, е дел од кампањата за борба против насилството врз децата. На видеото посветено на оваа тема, тетоважите од Бекам добиваат сосема нова форма и ја илустрираат бруталната физичка реалност и психичка злоупотреба кои децата трајно ги обележуваат и трауматизираат.

Пораката на видеото е дека треба да се најде безбедно опкружување за децата, каде тие ќе бидат опсипани со љубов.

„Кога ја иницирав кампањата 7Fund со УНИЦЕФ, се обврзав дека ќе дадам сè од себе за светот да го направам побезбедно место за децата и дека ќе говорам за проблемите кои имаат девастирачко влијание врз детските животи. Еден од нив е насилството. Секои пет минути по едно дете некаде во светот умира поради насилство. Милиони други се жртви на психичко, емотивно и сексуално насилство и злупотреба, кои засекогаш ги уништуваат нивните животи“, вели Бекам.

Advertisements
To Top