ВЕЌЕ НЕ ПРЕИМЕНУВААТ: НАТО соработувале со Северномакедонските војници!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На официјалниот Јутјуб канал на американската армија во Европа се појави видео на кое се прикажуваше соработката на нашите војници со НАТО војниците во склоп на акцијата во Криволак. Видеото, во кое нашите војници беа наречени Северномакедонски набрзо беше тргнато од Јутјуб каналот.

Еден месец пред закажаниот референдум со кој треба македонскиот народ да се праша дали го прифаќа договорот со Грција со кој ќе се преименува нашата држава, а со тоа и сите институции, одредени структури веќе го најавуваат она што е главен аргумент на противниците на договорот – дека со него всушност се нарушува македонскиот идентитет и се создава нов – северномакедонски.


Прво, уште пред некој месец на најпопуларниот сајт за кошарка Еуробаскет, нашите кошаркари беа заведени како Северномакедонски, а по бројните протести ваквиот опис беше тргнат.

Сега, добивме уште едно освестување, овојпат од нашите НАТО партнери. На официјалниот Јутјуб канал на американската армија во Европа се појави видео на кое се прикажуваше соработката на нашите војници со НАТО војниците во склоп на акцијата во Криволак. Она што е прилично скандалозно е што нашите војници беа наречени северномакедонски, но повторно видеото беше отстрането од Јутјуб, веројатно за да не крева прашина токму пред референдумот, на кој нашите власти водат кампања дека всушност со договорот не се менува ништо особено, туку се зацврстува македонскиот идентитет.

Реалноста е далеку поинаква, а за тоа алармираат и голем број правни експерти, кои тврдат дека доколку успее референдумот и се реализираат уставните промени, ќе се направи вештачка реконструкција на македонскиот идентитет, кој за светот ќе стане северномакедонски. Имено, со членовите 6,7 и 8 Грција во голема мера го „окупира“ терминот македонски, кој за светот ќе има значење дека е дел од грчката историја (ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ ОВДЕ).

Линкот до отстранетото видео од Јутјуб

Што е најпогубно, со овие членови, се брише и се видоизменува досегашната македонска историја, а ќе се забрани и официјалното користење на имињата на градовите од егејска Македонија, како и користењето на старото македонско знаме со 16 краци.

Армиските сили на САД со извинување за погрешното именување на земјата и војската

Американската армија во Европа се извини поради објавата на нивната официјална ФБ страна, на која што беше соопштено дека на тренинзите на полигонот “Криволак”, нивните воени единици соработувале со северномакедонските војници. Оттаму велат дека е користено погрешно име и дека високо го ценат партнерството со АРМ.

– Се извинуваме поради објавеното видео на нашите социјалните медиуми каде е користено погрешно име за Република Македонија. Видеото е веќе повлечено. Го цениме партнерството со Армијата на Македонија и жалиме за оваа грешка, стои во соопштението од армијата на СД во Европа.

Извинувањето доаѓа поради видеото кое се појави на Јутуб каналот на американската армија во Европа, на кое што беше објавена информацијата дека на воените вежби на полигонот “Криволак”, војската на САД работи на подобрување на интероперабилноста со северномакедонските војници, на полигонот “Криволак”, кој се наоѓа во Северна Македонија. Неколку часа покасно, постот и видеото беа отстранети од официјалната ФБ страна на армијата на СД на Европа.