Home Шоубизнис Вечерва почнува Канскиот филмски фестивал – 21 филм во конкуренција за „Златна палма“

Вечерва почнува Канскиот филмски фестивал – 21 филм во конкуренција за „Златна палма“

Во тек се последните подготовки за филмскиот фестивал во Кан кој официјално почнува вечерва. Оваа година, во трка за Златната палма во конкуренција има 21 филм, а во отсуство на американските блокбастер, доминираат филмовите од Блискиот Исток и Азија.

Главниот постер за овогодинешниот фестивал е сцена од филмот „Pierrot le Fou“ од режисерот Жан-Лук Годар.

Фестивалот ќе го отвори филмот „Everybody Knows“, од наградуванот филмски режисер Асгар Фархади. Овој психолошки трилер во кој главните улоги ги имаат Хавиер Бардем, Пенелопе Круз и Рикардо Дарин, ги следи семејните интриги и моралните дилеми на една жена чиј живот се свртува наопаку кога ќе ја напушти Аргентина и заминува во Шпанија.

За „Златна палма“, меѓу останатите, се натпреваруваат и Спајк Ли, Жан-Лук Годар и Павел Павликовски, а оваа година прилично се застапени и режисерките. Во конкуренција се Французинката Ив Хјусон, Либанката Надин Лабаки и Италијанката Алис Рорвахер.

Овогодинешното издание на славниот филмски фестивал донесува и неколку нови правила. Така, оваа година е забрането правење селфи фотографии на црвениот тепих. Освен тоа, директорот на фестивалот во Кан, Тиери Фремо оваа година ги укина и новинарските проекции на филмови, бидејќи сака критичарите, новинарите и публиката заедно да ги гледаат филмовите и во исто време да ги стекнат првите впечатоци од новите филмови.

На Канскиот филмски фестивал, за прв пат оваа година, ќе се натпреварува и Саудиска Арабија во селекцијата на краткометражни филмови.

Фестивалот оваа година ќе биде одржан во чувствителен период, поради неодамнешните скандали за сексуална злоупотреба во филмската индустрија. Со желба да ги исправат нееднаквите соодноси на моќ во Холивуд, голем број ѕвезди се приклучија во движењето #MeToo, кој веројатно ќе го одбележи и овогодинешниот Кански филмски фестивал.

Претседател на овогодинешното жири е австралиската актерка Кејт Бланшет, а меѓу членовите на жирито е и актерката Леа Сејду, една од големиот број жени кои го обвинија Вајнстин за сексуална злоупотреба.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …