Ванеса Брајант против Nike: „Немаат право да ги продаваат!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ванеса Брајант, вдовицата на прерано починатата легенда на НБА Коби Брајант, ја обвини компанијата Nike за „неовластено“ лансирање патики во чест на нејзината покојна ќерка Џана Брајант.

Според американски CBS, Брајант тврди дека овој модел не е одобрен за производство или продажба.

„Ова се патики на кои работев во чест на мојата ќерка Џиана. Тие се нарекуваат Мамбасита и се дизајнирани како ексклузивна црно-бела линија како што беа патиките на нејзиниот татко”, напиша Брајант на Инстаграм.

Сепак, како што објаснила таа, сите планови во врска со производството и продажбата на тој модел се одложени затоа што, откако договорот меѓу Најк и нејзиниот покоен сопруг по 18 години истекол во април, нов не беше склучен ниту стариот е продолжен.

„Намерата беше да се исплатат сите средства од продажбата во нашата “Mamba & Mambacita Sports Foundation “, но бидејќи не го продолжив договорот со Nike, решив дека овие патики не можат да бидат пуштени во продажба. Тие немаат дозвола да ги пуштат на пазар, дури и да не се произведуваат. Не знам како некој друг може да има ставено раце на тоа што го дизајнирав во чест на ќерка ми Џиџи, а не ние. Се надевам дека нема да се продаваат”, рече Ванеса Брајант во својот пост.

Патиките, мега популарниот модел Kobe Protro 6 обично се распродаваат за само неколку минути кога нова линија ќе се појави на пазарот. Оваа е замислена како црно-бел перформанс за да одговара на кошаркарскиот дрес што го носела Џиана. Дизајнот содржи крилја и пеперутки, а на петицата е нејзиното име и името на нејзиниот татко.

Нивното лансирање е веќе најавено за втората половина на оваа година, а социјалните мрежи веќе покажаа како изгледа моделот.

Најк не одговориле на истрагата на ЦБС за да ја разјасни оваа навистина незгодна ситуација. Дали Ванеса Брајант планира да преземе понатамошни правни активности засега не е познато.