Home Актуелно Крвави избори во Мексико со 97 убиени лица за време на изборната кампања

Крвави избори во Мексико со 97 убиени лица за време на изборната кампања

Првичните резултати од вчерашните избори кои се одржаа во Мексико, упатуваат на тоа дека Мексиканското владејачко движење на Морено и неговите сојузници се очекува да имаат мнозинство во новиот долен дом на Конгресот.

Оваа изборна кампања беше една од најкрвавите во поновата историја на Мексико. Консултантската компанија „Етеллект“ објави дека во текот на кампањата биле убиени 97 политичари, а 935 биле нападнати.

Непознат маж фрлил отсечена човечка глава на гласачко место во пограничниот град Тихуана, а во близина биле пронајдени вреќи полни со делови од телото. Властите соопштија дека мажот побегнал и на тоа место се пронајдени торби со човечки остатоци и отсечени раце во областа.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…