Валверде ја презема вината: Втора година по ред губиме вака, ова е болно за навивачите


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Првиот човек на клупата од Барселона, тренерот Ернесто Валверде, со крајно разочарување од дебаклот кој тој и фудбалерите на шпанскиот фудбалски гигант го доживеаја на Енфилд целосно ја презема вината на свој грб за овој депримирачки пораз.

Многу веројатно е ова да е последна сезона за Валверде на клупата на Барселона откако тимот втора година по ред на сличен начин е елиминиран од Лигата на шампионите.

Пораз од 4-0 по победа од 3-0 е недозволиво за тим како Барселона.

„Ова е ужасен резултат за нашите навивачи и за нас. Навистина, навистина немавме среќа, но честитки за Ливерпул. Тие одиграа многу добро“, вели Валверде.

„Не знам ова каков ефект ќе има врз мене, но тука сме, тренерот треба да ја превземе одговорноста“.

„Ова е многу болно за нас, особено за нашите навивачи, втора година по ред ни се случува ова“.