Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Популарниот актер Џејсон Момоа, ѕвездата од филмот „Aquaman“, гостуваше во ТВ шоуто од Елен Дегенерис, каде доби неочекувана задача како предизвик – да фрла секири во хуманитарни цели.
Со оглед на тоа дека фрлањето секири е хоби со кое, меѓу другите свои пасии, се занимава Момоа, Елен сакаше да ја стави на тест оваа негова вештина. Истовремено, ја искористи можноста и таа да научи нешто од оваа интересна дисциплина, но не успеа во тоа.
Водителката потоа стави хартиени шишиња со испишана сума на пари на дрвена основа, а Момоа имаше задача да ги гаѓа со секири за да заработи што повеќе пари кои ќе одат во хуманитарни цели.
Публиката во студиото целосно откачи кога Момоа се раскомоти и ја соблече јакната и ја распушти неговата долга коса. Џејсон имаше 45 секунди на располагање за овој негов подвиг.
Сите пари кои ги освои со фрлањето секири беа пренаменети за хавајска организација која се занимава со заштита на животната и природната средина. Додека Елен планираше дека Момоа ќе успее да заработи 10.000 долари, актерот заработи 31.000 долари.