
Вил Смит и Џејда Пинкет Смит викендов беа забележани заедно во јавноста, што ретко се случува. Двојката, која е во брак долги години, во саботата, на 21 ноември, излезе на семеен ручек во Малибу.
Со нив беа нивните две деца, Џејден Смит и Вилоу Смит, како и мајката на Џејда, Адриен Банфилд-Норис, и мајката на Вил, Керолин Брајт.



Ова е првпат по околу пет месеци семејството Смит да биде видено заедно во јавноста. Нивното претходно заедничко појавување беше во јуни во Париз, каде што му дадоа поддршка на Џејден на ревијата на Кристијан Лубутен за сезоната пролет/лето 2027.
Џејден е креативен директор на машката линија на овој бренд за обувки и модни додатоци. Неговото назначување на функцијата беше објавено во септември 2025 година.

Во август, Џејда, Вилоу и Џејден беа меѓу познатите гости на свадбата на Џордин Вудс и Карл-Ентони Таунс во Малибу. Џејден имаше и посебна улога на свадбата на својата долгогодишна пријателка.
Неодамна беше објавено и дека поранешен пријател поднел тужба против Вил Смит за наводен сексуален напад.
Извор: Just Jared