
Аделин Рудолф и Томи Мартинез се венчаа. Триесет и едногодишната ѕвезда на Neagley и 34-годишниот актер од Disclosure Day во неделата, на 22 ноември, објавија дека склучиле брак претходниот викенд.

„Госпоѓа… Никогаш нема да има доволно зборови за да го опишам овој ден. Благодарам на сите што го направија навистина незаборавен и ти благодарам, Томи Мартинез, што засекогаш си мажот од моите соништа“, напиша Аделин покрај серија фотографии на Инстаграм.
Томи, пак, на својот профил објави: „А+Т… Минатиот викенд отидовме во судницата, без да им кажеме на многу луѓе, и го изговоривме судбоносното ‘да’. Толку е лесно да те сакам сите овие осум години. Кога ќе стигнеме до крајот на животот и ќе станеме дел од земјата, се надевам дека повторно ќе се родам за уште еднаш да го изберам овој живот со тебе — затоа што еден живот со тебе едноставно не е доволен. Те сакам, Аделин“.
Тој им се заблагодари и на пријателите што им ја организирале прославата: „На нашите прекрасни пријатели во Лос Анџелес, кои во последен момент, во понеделник, се здружија за да ни го направат денот толку посебен… БЛАГОДАРИМЕ. Секој детаљ што го додадовте имаше длабоко лично значење за нас и не можевме да го замислиме поинаку. Си знаете кои сте!“
На свадбената прослава присуствувале колешките на Томи од Good Trouble, Шери Кола и Присила Кинтана, како и Арден Чо, која со Аделин ќе се појави во претстојниот филм Perfect Girl, и Абигејл Кауен, нејзина колешка од Chilling Adventures of Sabrina.
Аделин и Томи се во врска од 2018 година, а се свршија во 2024 година, за време на патување во Јута.
Аделин неодамна ја гледавме во Neagley, спинофот на Reacher. Нејзини следни проекти се новата верзија на 13 Going on 30 за Нетфликс и филмовите Perfect Girl и Love Love.
Томи неодамна се појави во една епизода од Stuart Fails to Save the Universe и во филмот Disclosure Day. Познат е и по улогите во сериите Good Trouble, Laid и Bosch: Legacy. Следно ќе го гледаме во серијата на Прајм видео според книгата Things We Never Got Over.
Извор: Just Jared