Официјално: Реал го потпиша најбогатиот спонзорски договор во историјата!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид денес и официјално го потврди најголемиот договор во историјата на фудбалот и потпиша 9-годишен договор со „Адидас“.

„Кралевите“ ќе добиваат 120 милиони евра годишно од „Адидас“, односно со договорот до 2028 година ќе инкасираат 1,2 милијарди евра.

Јасно е дека Реал ќе има огромен буџет за засилувања ова лето, но дел од оваа сума ќе биде потрошена и за реконструкцијата на „Сантиаго Бернабеу“, која ќе започне наскоро.

Ова е и официјално најбогатиот спонзорски договор во светот. До сега рекордот го држеше Барселона која од „Најк“ добива 100 милиони евра годишно.

Потоа следува Манчестер Јунајтед, кој со „Адидас“ има договор „тежок“ 75 милиони фунти по сезона.