Утре започнува 41. издание на Скопскиот џез фестивал

Влезниците за претстојното 41. издание на традиционалниот Скопски џез фестивал, што годинава ќе се одржи од 13 до 16 октомври, се веќе достапни на билетарниците на НОБ, МКЦ и онлајн на МКтикетс.

Фестивалот годинава е сочинет од 10 концертни настапи и еден документарен филм. Програмата е исполнета со низа ексклузивни настапи на некои од најголемите имиња на современиот џез и креативната музика денес.

13 октомври

НОБ, 20:00 >> Rob Mazurek Exploding Star Orchestra with Fame’s Chamber Orchestra

МКЦ, 23:00 >> Zulu 3.4

14 октомври

НОБ, 20:00 >> Hamid Drake’s Turiya: Honoring Alice Coltrane

МКЦ, 23:00 >> Abacaxi • Taxi Consilium

15 октомври

НОБ, 20:00 >> Amaro Freitas Trio • Goran Kajfeš Subtropic Arkestra

МКЦ, 24:00 >> New Future City Radio (Damon Locks / Rob Mazurek / Mauricio Takara)

16 октомври

НОБ, 20:00 >> Thumbscrew • Ingebrigt Håker Flaten (Exit) Knarr

ПРОГРАМА ПЛУС

12 октомври

МКЦ Кино Фросина, 20:00 >> Summer Of Soul – документарен филм.