Кина отворено се учкоса со Русија


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Шефот на Комисијата за надворешни работи на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина, Јанг Јуечи, кажа дека Кина е спремна заедно со Русија да ги брани интересите на двете земји.

Тој тоа го кажа по средбата со рускиот амбасадор во Пекинг Андреј Денисов.

„Кина е спремна да соработува со Русија за да ѝ даде суштина на стратегиската интеракција на двете земји на високо ниво и да ги заштити заедничките интереси, како и да помогне во развојот на меѓународниот поредок во поправедна и поразумна насока“, кажа Јанг.

Според него, страните цврсто се поддржуваат една со друга околу прашањата кои се однесуваат на фундаменталните интереси на двете земји.