Сончев вторник


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денешниот, 13-ти септемвриски ден, вторник, во Македонија носи сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Во Скопје, претежно сончево со слаб до умерен северен ветер.

Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје 25 Целзиусови степени, Маврово 20, Охрид 23, Битола 24, Крива Паланка и Берово 21, Кавадарци 27, Дојран 28.

И за утре прогнозата за времето е сончево и потопло со мала локална облачност. Ќе дува слаб јужен, а во западните делови умерен западен ветер. Во Скопје, претежно сончево со слаб до умерен јужен ветер. Дневните температури ќе се движат од 20 до 28 степени.