Уапсен скопјанец за „сајбер криминал“ – во станот му откриле опрема за нелегален мобилен оператор


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во стан од 28-годишниот С.Н. од Скопје полициските службеници од секторот за кумпјутерски криминал и дигитална форензика откриле опрема за нелегален мобилен оператор која била користена за воспоставување на меѓународен мобилен сообраќај на црно.

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР до ОЈО Скопје, поднесе кривична пријава против С.Н.(28) од Скопје за кривичнoто делo „компјутерска измама“, казниво по член 251-б став 1 во врска со став 2 и став 6 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика на 8 ноември извршил претрес во домот на пријавениот. Во станот била пронајдена поставена активна „сим бокс“ телекомуникациска опрема.

Пријавениот ја инсталирал опремата на почетокот на август и вршел нелегална терминација на телефонски сообраќај. На тој начин се стекнал со противправна имотна корист од 1.343.401 денари.