Твитер конечно ја воведува опцијата која корисниците ја бараат 11 години


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Твитер конечно го зголеми бројот на дозволени карактери во еден „твит“. Па сега корисниците може да внесат 280 карактери за разлика од претходно кога можеа само 140.

Ова е прв пат во последните 11 години Твитер да го зголемат бројот на дозволени знаци, иако корисниците го бараат веќе долго време. „Твитерашите“ конечно ќе имаат доволно простор за изразување, а опцијата ќе биде достапна во наредните денови.

Основачот на Твитер, Џек Дорси изјави дека ова е голем чекор за Твитер.

Додека „твитерашите“ слават, Американците веќе започнаа да се зафркаваат на сметка на Трамп, како што пишуваат сега светот ќе има „дупло Трамп“.