Home Актуелно Се множат богаташите: Експресно расте бројот на милионери во Русија

Се множат богаташите: Експресно расте бројот на милионери во Русија

Бројот на милионери во Русија на крајот на 2016 година пораснал 19,7 отсто и сега изнесува 182.000, се наведува во истражувањето на „Ворлд велт рипорт“.

Сега Русија по бројот на милионери е на 15. место во светот. Лидери по бројот на милионери се САД (4,8 милиони луѓе), Јапонија (2,9 милиони) и Германија (1,2 милион). На четврто место е Кина со 1,1 милион милионери. Во овие четири држави живеат 61 отсто од вкупниот број милионери во светот.

Минатата година бројот на милионери во светот пораснал 7,5 отсто во споредба со 2015 година и изнесувал 16,5 милиони луѓе.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…