Home Шоубизнис Тунберг му „врати“ на Путин

Тунберг му „врати“ на Путин

Откако претседателот на Русија, Владимир Путин, на Форумот за енергетика во Москва завчера, говорејќи за шведската активистка за заштита од климатските промени, Грета Тунберг, тинејџерката ја окарактеризира и оцени како „фина и многу искрена девојка“, додавајќи дека сепак „не ги разбира комплексностите на современиот свет“.

„Можеби ќе ве разочарам, но не ја делам вашата возбуда околу говорот на Грета Тунберг… Никој не ѝ објаснил дека современиот свет е посложен и поинаков. Луѓето во Африка или во некои азиски земји, на пример, сакаат да имаат услови како во Шведска“, изјави Путин на форумот.

Тој, сепак, додаде дека децата кои се страсни борци за заштита на животната средина, треба да бидат поддржани од лидерите.

Слично како што тоа го стори и со претседателот на САД, Доналд Трамп, 16-годишната девојка одговори со промена на својата куса биографија на Твитер, вметнувајќи ги зборовите на Путин.

„Љубезен, но недоволно информиран тинејџер“, се вели сега во описот на Тунберг.

Со оваа саркастична шега, таа само ја зголеми популарноста кај своите обожаватели тинејџери. Тунберг е номинирана за Нобеловата награда за своите заложби и дејност.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …