Бузаку до ОЈО достави докази за финансиски криминал извршен од поглаварот на ИВЗ Реџепи


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Скендер Бузаку денеска во Основното јавно обвинителство достави доказни документи за кои тврди дека го потврдуваат неговото тврдење за финансиски криминал сторен од страна на поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи. Притоа, тој поднесе и две кривични пријави против Реџепи, за перење пари и за злоупотреба на службената положба и овластувања.

Според Бузаку, станува збор за финансиски криминал тежок седумстотини илјади евра, а оштетени се верниците кои годинава заминале на аџилак. Според Бузаку, Реџепи им наплаќал далеку повисока цена за такса за престој и парите ги уплаќал преку агенција регистрирана во странство, наместо директно на сметката на саудиското министерството.

Според неофицијалните информации, станува збор за над 1.400 измамени верници.

Бузаку пак соопшти дека има докази и за други финансиски малверазции на реисот Реџепи и дека тие исто така ќе бидат доставени во Обвинителството а јавноста запознаена.

Од ИВЗ засега без коментар околу наводите на Бузаку. Официјална изјава најавија за утре. Нема ниту извинување за скандалозната изјава на Реџепи дадена вчера.

Судирот меѓу Бузаку и Реџепи за тоа кој ќе застане на чело на ИВЗ трае со месеци.