„Црвено-црните“ преголем залак за Фенербахче – Вардар во Лига Европа! (видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонските фудбалски фанови се во вистински транс, Вардар повторно ја израдува Македонија.

Оваа генерација на црвено-црните ќе остане запаметена како генерација која го направила најголемиот успех во поновата фудбалска историја, а голот за кој долго ќе се зборува беше дело на Џигаури.

Фенербахче започна напаѓачки, создаваше шанси пред нашиот гол, но Гачевски беше фантастичен, вардарци имаа прилика и во првиот дел го замолкнат турскиот гигант, кога Баерсегјан во финишот од првиот дел ја погоди стативата од голот на Камени.

Започна второто полувреме, Фенербахче тргна офанзивно, Вардар се бранеше. Турците успеаа да дојдат водство после еден корнер и мешаница во одбраната на македонскиот шампион. Но потоа следуваше вистински шок за Турците, Џигаури успеа да искористи една контра и да го совлада Камени.

И како тоа да не беше доволно, во финшот од средбата Глигоров погодува за комплетен пресврт. Вардар е во Лигата на Европа!


N!k0la by footballgoalshow