Бронсон Рид, професионалниот борач на WWE чие вистинско име беше Џермејн Хејли, почина во петокот, на 27 ноември, на 38-годишна возраст. Од WWE соопштија дека причината се „медицински компликации“, откако тој претходно месецов се повреди на настан во Саудиска Арабија.
Рид зад себе остави бремена сопруга и ќерка.
По операцијата во Саудиска Арабија, борачот се вратил дома во Соединетите Американски Држави, објави The Wrestling Observer на 17 ноември.
Во негова чест, пред почетокот на настанот на WWE во Атланта во петокот вечерта, беше одржано традиционалното оддавање почит со десет удари на ѕвоното.
Неговата ненадејна смрт ја потресе заедницата на професионалното борење.
„Не можам да поверувам дека ова е вистина“, напиша репортерката на WWE, Џеки Редмонд, на Икс. „Бронсон беше прекрасен човек. Неверојатно љубезен. Скршена сум поради неговото младо семејство. Моите мисли и молитви се со неговите најблиски и со сите што го сакаа. Не е праведно.“
Бер Бронсон од TNA Wrestling сподели: „Ова е неизмерно болно. Џермејн беше огромна инспирација за многумина и навистина добар човек. Почивај во мир, Бронсон Рид 💔 Во овие мигови мислам на неговото семејство и на сите негови блиски.“
„Те сакам, брате“, порача Грејсон Волер од WWE. „Ти благодарам што отвори толку многу врати за мене и за многу други во австралиското борење.“
Извор: US Weekly